ВИДЕО: Албанец со потекло од Куманово предизвика хаос по дербито во Бриж

Дербито на Бриж заврши со победа на фаворитот од „сино-црната“ страна на градот. Клуб Бриж како гостин го совлада Серкл со 1-3 (0-1) во рамките на 29. коло на Јупилер Про лигата во Белгија

По крајот на овој натпревар тензијата достигна свој врв, а во центарот на вниманието беше Ардон Јашари. Швајцарскиот репрезентативец кој игра за Клуб Бриж зеде знаме со клупските бои, трчаше со него по теренот на противникот и сакаше да го забие на центарот од игралиштето. 

Тоа воопшто не им се допадна на домашните фудбалери кои бурно реагираа, а голманот Деланг дури и го шутна знамето. 

Инаку, Ардон Јашари има потекло од Македонија. Иако самиот 22-годишник е роден во Швајцарија, неговите родители се по потекло и родени во Куманово.