ВИДЕО: Албанецот Манај со хет-трик одушеви во дресот на Барселона

Екипата на Барселона ги почна подготовките за новата сезона и во комбиниран состав славеше над Гимнастик (4-0) во првиот натпревар на стадионот „Јохан Кројф“.

  • Извештај од натпреварот:

Роналд Куман имаше две различни постави во двете полувремиња, а подобра беше онаа во второто. По првиот дел во кој немаше голови, одушеви албанскиот репрезентативец Реј Манај, кој го отвори резултатот во 60. минута со мајсторски погодок.

Во последните пет минути од мечот паднаа уште три гола во мрежата на Гимнастик, а Манај постигна два од нив и го комплетира хет-трикот. Единствениот гол на мечот кој не беше дело на Албанецот беше оној на Коладо.

Реј Манај инаку е репрезентативец на Албанија кој игра за Б-тимот на Барселона.