• Мартин Танасковски

Екипата на Воска Спорт ги промовира новајлиите пред стартот на пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Клубот доби турски газди и турски тренер, ама работите се изјаловија и екипата се врати под сопствеништво на Нефи Усеини.
Воска Спорт ќе ја води албанскиот тренер Клодиан Арбри, кој во тимот доби седум нови играчи. Во пролетниот дел од сезоната, за Воска Спорт ќе играат тројца странци и уште четворица домашни имиња.
Од странците новитети се Гаје Бабукар, Марко Зуљ и Тони Виноградац, додека од македонските играчи дојдоа Илирид Адеми, Давид Матески, Христијан Драгарски и Дарко Гроздановски.
Воска Спорт пролетниот дел од сезоната го започнува против Беса Добридол.