ВИДЕО: Алба заборави дека има ВАР и се обиде срамно да исценира дека бил удрен!

Барса со предност од 0-1 се враќа од Манчестер, а првпат во историјата забележа победа на легендарниот „Олд Трафорд“. Сепак, за фановите на Јунајтед однесувањето на некои од ѕвездите на каталонската екипа не им се допадна.

Жорди Алба како да заборави дека има камери и ВАР-технологијата е комплетно е воведена во Лигата на шампионите, па се обиде да исценира дека Јанг го удри, кога тој несмасно се одби од капитенот на Јунајтед. Оваа сцена кај некои од навивачите предивика бес, а кај некои смеење.

  • Погледнете ја реакцијата на Жорди Алба по дуелот со Ешли Јанг:  

Со голот на Суарез, или автогол на Шоу како што УЕФА го запиша, Барселона го совлада Манчестер Јунајтед со 0-1 среде Англија и стекна одлична залиха пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.