Алба разочаран: Системот во МЛС лигата не е фер, треба да се направат промени

Ветеранот од редовите на Интер Мајами, Жорди Алба, се пожали на несоодветниот формат на натпреварување во американската МЛС лига и рече дека неговиот тим не заслужил на овој начин да ја заврши сезоната. 

Интер Мајами доживеа елиминација во плеј-офот од Атланта Јунајтед, а Алба вели дека мора да се размисли за промена на форматот, за кој смета дека не е фер кон екипите што имале добри резултати во регуларниот дел од сезоната. 

„Шампионот на МЛС лигата треба да го решат победниците во двете конференции. Тоа е многу едноставно. Сепак, знам дека не е така лесно да се изведе. Овој формат постои веќе многу години, но мислам дека не е фер кон оние што имале одлични резултати во регуларниот дел. 

Не се жалам, прифаќаме пораз и му честитаме на противникот, но ние навистина сакавме да одиграме уште некој натпревар сезонава и да одиме до самиот крај. Атланта заслужи да победи, одиграа одлични мечеви, а имаа и спектакуларен голман меѓу стативите“, изјави Алба. 

Само за потсетување, Интер Мајами имаше дури 34 бодови повеќе од Атланта Јунајтед во регуларниот дел од сезоната.  

Состави

Херардо Мартино

4-3-3

    Rob Valentino

    4-3-3