Алба покажуваше на дресот на Модриќ: Поради тој амблем судат во ваша корист...

Алба Модриќ

Не престануваат реакциите и неколку дена по „Ел Класико“ дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Во завршницата од мечот судијата Гил Манзано не досуди пенал во корист на гостите. Менди беше невнимателен и беше блиску да стане трагичар, по еден близок дуел со нововлезениот Брајтвајт.

Каталонците бурно реагираа по мечот, Пике и Куман го „нападнаа“ судијата, а во текот на мечот Жорди Алба испрати порака до Модриќ, покажувајќи кон неговиот дрес:

„Поради тој амблем судат во ваша корист...“, му рече Шпанецот на хрватскиот играч за врска.

„Кралевите“ победија со 2-1 и го прескокнаа ривалот на табелата во Примера, каде на врвот се наоѓа Атлетико Мадрид.