ВИДЕО: Алба херој на Каталонците, Барса чекор поблиску до одбрана на титулата

Лидерот во Примера, Барселона, повторно замина на +9 од Атлетико Мадрид по денешниот триумф против Реал Сосиедад (2-1) во рамки од 33. коло.

  • Извештај од натпреварот: 

На пет кола до крајот, Каталонците се многу блиску до нова титула во домашното првенство каде доминираат во последните две декади.

Ернесто Валверде не сакаше ништо да ризикува и започна со најсилниот состав. Цврстиот противник беше скршен дури пред паузата за првото полувреме. Клемен Ленгле го отвори резултатот по корнерот на Осман Дембеле со прецизен удар со глава.

По една одлична асистенција, Хуанми го шокира домаќинот и израмни во 62. минута. Но гостинската радост траеше само две минути бидејќи Жорди Алба со прекрасен удар по земја ги постави конечните 2-1.

Следното коло за Барса носи гостување кај Алавес, а за Реал Сосиедад домашен меч против Виљареал.