• Горан Упале
На Алавес не му оди оваа сезона во Примера, а кога е така сметката ја плаќа тренерот. По две и пол години Луис Гарсија Плаза ја прекина соработката со клубот од Виторија, а на негово место беше назначен Едуардо Куде.
Плаза го предводеше Алавес на 108 натпревари, во кои тимот забележа 44 победи, 28 нерешени и 36 порази и заминува со крената глава иако Алавес има 14 бода и е на 16-то место.
Аргентинецот Куде би требало да дебитира во четврток против Минеира во Купот на Кралот, а потоа следува дуелот со Осасуна во Памплона. Поранешниот тренер на Селта е без работа од ова лето, кога се раздели со бразилски Интернационал. Претходно ги водеше Атлетико Минеиро, Селта, Расинг, мексиканската Тихуана и Росарио.