Алавес го растури Рајо и се искачи на самиот врв во Примера

Дури шест гола падна во првиот саботен натпревар од 5. коло на Примера. Алавес ја продолжи одличната серија во Примера и ја запиша третата победа во низа на гостувањето кај Рајо Ваљекано (1-5). Нашиот Столе Димитриевски не доби шанса и ќе почека за своето деби з мадридскиот тим. 

Гостите добија помош од Абдулаје Ба, кој уште во првиот дел заработи исклучување и им ја олесна работата. Серијата голови во домашната мрежа ја отвори Чимо Наваро уште во осмата минута со прекрасен удар со глава, а пред паузата погоди и Ибаи Гомез, кој постигна прекрасен погодок со удар од далечина. 

Рајо со многу среќа ја преполови предноста на противникот, но тоа беше се што направи. Во продолжението следуваше приказ на доминација на Алавес, кој преку Калери, Бургуи и Ибаи по вторпат, ја запечати судбината на домашните фудбалери и стигна до третата сезонска победа. Триумфот им донесе место меѓу првите три екипи на табелата по првите пет одиграни натпревари.

Колото продолжува со четири денешни и уште толку мечеви закажани во утрешната програма.