Алавес го промовираше Кике Санчез Флорез за нов тренер

Шпанскиот стручњак Кике Санчез Флорес е новиот тренер на Алавес, објави клубот. Тој ќе го замени Едуардо Куде, кој поради лошите резултати ги замина од клупата на шпанскиот клуб. 61-годишниот Санчез Флорес со Алавес потпиша договор до јуни 2028 година.

Во текот на својата кариера, новиот тренер на Алавес ги водеше и Севиља, Хетафе, Вотфорд, Еспањол, Атлетико Мадрид, Валенсија, Бенфика, како и Шангај, Ал Аин и Ал Ахли.

Алавес е на 16. место на табелата во шпанското првенство со 27 бода, три повеќе од Мајорка, која е во зоната за испаѓање.