ВИДЕО: Алавес ги среди „лилјаците“ и го скокна Реал на табелата

Сензацијата Алавес продолжува со сензации во Примера, откако во вториот саботен натпревар од 18. коло ја совлада Валенсија со 2-1 (2-1) и го прескокна Реал Мадрид на четвртото место на табелата. По овој пораз кој знае дали Марселињо ќе остане на клупата на лигашот од „Местаља“. 

Дуелот на „Мендизороза“ не можеше подобро да започне за „лилјаците“, кои поведоа уште во 14. минута. Капитенот Дани Парехо изведе перфектен слободен удар преку живиот ѕид и го матира Пачеко за гостинско водство (0-1).

Сепак, само седум минути подоцна, по една прекрасна акција на момците на Абелардо, поранешниот напаѓач на Еибар. Борха Бастон по корнер и мешаница ја искористи неодлучноста на Нето и ја погоди гостинската мрежа (1-1).  

Во последните мигови од првиот дел, Родриго излезе сам пред голманот на домаќините, но биеше за малку кај левиот дирек на веќе совладаниот Пачеко. Казната стигна една минута подоцна, кога пак по една голема гужва пред гостинскиот петерец. Томас Пина од само пет метри ја втурна топката во мрежата на „лилјаците“ (2-1).

Екипата на Марселињо со јалова иницијатива го почна вториот дел, а со удари од далечина се заканија Санти Мина и Черишев. Најнапред во игра влезе Феран Торес, а потоа и Мичи Батчуаји, но гостите тешко креираа шанси.

Белгискиот напаѓач ја имаше последната, но во 86. минута премногу чекаше и домашниот дефанзивец Лагуардија му влезе во шутот и спаси чист гол. Новата година почна како што заврши старата за малиот баскиски клуб од Виторија.