Алармот е вклучен, „волчицата“ повторно ќе го промени тренерот

Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот на Рома, Иван Јуриќ, наскоро ќе добие отказ од управата и „волчицата“ веќе е во потрага по нов стратег за клупата. 

Хрватот не ги бележи посакуваните резултати, а неодамна влезе и во конфликт со неколку играчи, по што челните лица решиле дека е време за промени. Се споменуваат неколку имиња кои би можеле да го наследат Јуриќ, а во игра е и враќање на Даниеле Де Роси, кој одново би ја имал улогата на „спасител“ до крајот на сезоната. 

Рома има само 13 бодови и се наоѓа на очајната 12. позиција на табелата, а се претпоставува дека последен меч за Јуриќ ќе биде оној во следното коло, кога екипата ќе ја пречека Болоња на својот „Олимпико“.