• Иван Димовски
Натпреварот меѓу Рух Лвив и Металист Харков заврши со гостинско славје од 1-2 (1-1), меѓутоа истиот трипати беше прекинат поради алармите за тревога поради можни воздушни напади. Познато е дека Украина е во војна со Русија, но и покрај тоа фудбалскиот шампионат тргна вчера со строги протоколи.
На мечот во Лвив, фудбалерите трипати завршуваа во задолжително обезбеденото засолниште откако се огласуваа алармите во градот. Исто така, слична беше и ситуацијата пред стартот на мечот, па сите фудбалери, тренерите и новинарите во неколку наврати ги полнеа скривниците.
Перша тривога на матчах УПЛ. Рух - Металіст. 43 хвилина.
Козловський кричить: та дайте вже дограти ті дві хвилини pic.twitter.com/evx2Jc7xGs
— Андрій Сеньків (@sydoriv_castle) August 24, 2022
И покрај препреките, гостите од Харков со погодоците на Пидлепенетс и Приадин го надиграа домаќинот кој даде еден гол преку Климчук.
Во текот на вчерашниот ден се одиграа неколку средби и немаше проблеми со можни воздушни напади, меѓутоа ваквите сцени веројатно ќе бидат чести на терените во Украина.