• Иван Димовски

Фудбалерите на Брера Струмица во петтото коло стигнаа до првата победа во новата сезона во ПМФЛ, со што значително се подобри атмосферата во струмичкиот прволигаш. Сепак, време за славење нема, бидејќи веќе денес ги очекува нов предизвик, гостување во Ѓорче Петров и дуел со Македонија во шестото коло..
Новиот предводник на тимот, Мартин Алаѓозовски, верува дека Брера може да продолжи во ист ритам и против „лавовите“ од Ѓорче Петров.
„Малку е полесно, мислам дека го добивме она што го заслуживме и на некои претходни натпревари. Триумфот против Шкупи сигурно ќе биде дополнителен мотив за нас да се прикажеме во позитивно светло и на дуелот со Македонија ЃП. Тие се одличен тим, особено добри пред своите гледачи, но ние доаѓаме да се надигруваме и верувам дека можеме да извлечеме поволен резултат“, рече Алаѓозовски.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Брера ќе се одигра денеска од 15:30 часот на стадионот во Ѓорче Петров.







