Алаба се повреди на загревање, Ковач бара нов лев бек за следниот месец

Австрискиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Давид Алаба ја повреди левата нога и нема да може да му помигне на својот тим во следните неколку недели. Алаба се пожали на болки на загревањето пред дербито против РБ Лајпциг.

Лекарот на гигантот од Минхен, Питер Блубакер, објави дека бекот ќе оди на дополнителни лекарски прегледи.

Тренерот Нико Ковач веќе бара алтернатива за левата бековска позиција за наредните натпревари. Веќе на 18 септември Баерн Минхен дебитира во Лигата на шампионите протиц Црвена Звезда.

Постојат опции Ковач да го смени системот на игра и да започне со тројца дефанзивци или да го прекомандува новото засилување Лукас Хернандез на позицијата лев бек.