Ал Наср и Рајо се договорија, Димитриевски на пат за Саудиска Арабија!

Според информациите од Шпанија до крајот на месецот втор македонски репрезентативец ќе заигра во шампионатот на Саудиска Арабија. Клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср и Рајо Ваљакано постигнале договор вреден десет милиони евра за премин на голманот Столе Димитриевски.

Иако со недели кумановчанецот се поврзуваше со Барселона, веројатно ќе заврши во Ал Наср. Договорот меѓу клубови беше последното „парче од мозаикот“ кое недостигаше, бидејќи од поодамна Димитриевски се согласи на личните услови во клубот. 

Откако Рајо Ваљекано одби две понуди, Ал Наср прифати да ја плати барана сума од десет милиони евра.

Димитриевски треба да ги мине лекарските прегледи и да биде претставен во Ал Наср. Македонскиот репрезентативен голман ќе добива околу три милиони евра по сезона и ќе биде битка за титулата со Езџан Алиоски, кој настапува за Ал Ахли.