Ал-Келаифи тврди: Никогаш не сме преговарале со Зидан

Зидан

Француските медиуми пишуваа дека Зинедин Зидан имал преговори за преземање на тренерската позиција во екипата на Пари Сен Жермен.

Сосема спротивни тврдења доаѓаат од првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи. Според него легендарниот Французин не бил опција ова лето.

„Го сакам Зидан како играч и како тренер. Но, морам да кажам дека не сме преговарале со него ова лето“, кратко изјави катарскиот бизнисмен.

Кристоф Галтие сега е фаворит за местото кое наскоро се очекува да го напушти Маурицио Почетино.

ПСЖ заврши голема работа со Килијан Мбапе. Младиот голгетер ги одби сите понуди од Реал Мадрид и одлучи да потпише нов договор, што се одлични вести за клубот и за францускиот шампионат.