• Саше Љолес
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, за француските медиуми изјави дека клубот започнува нова ера без Килиан Мбапе во тимот, но воедно најави и нова плодна етапа со свежи и звучни засилувања.
Навивачите се помалку збунети и не знаат во каква насока се движи нивниот клуб, но Ал-Келаифи ги уверува дека немаат за што да се грижат и дека наскоро повторно следуваат светли денови.
„Со заминувањето на Мбапе ослободивме простор за неколку нови играчи. Мислам дека имаме супер стручен штаб кој точно знае што прави. Не знам дали ќе имаме промени во овој сегмент, но знам дека новите засилувања се веќе на пат.
Навивачите да бидат спокојни и да не се грижат за иднината. Ќе работиме домаќински, но ќе атакуваме на сите можни трофеи. Во тимот ќе има нови и свежи имиња кои дополнително ќе го кренат нивото. Ветувам дека наскоро следуваат светли денови за ПСЖ“, изјави претседателот.
„Светците“ ја одбранија титулата во француската Лига 1, но во Лигата на шампионите беа запрени во полуфиналето од Борусија Дортмунд, а пред само неколку дена од тимот замина првата ѕвезда, Килиан Мбапе, кој е нов играч на Реал Мадрид.