• Саше Љолес
Претседателот на европскиот шампион, ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, изјави дека Осман Дембеле остварил и освоил сѐ што може минатата сезона и очекува токму тој да ја добие престижната „Златна топка“.
Желбата на Ал-Келаифи до некаде е логична, затоа што Дембеле беше еден од најдобрите поединци во историската сезона за „светците“ и ги предводеше до фамозната „триплета“.
„Ако Дембеле не ја освои Златната топка, тогаш мислам дека имаме проблем. Со оглед на сезоната што ја одигра и со оглед на сѐ што стори за својот тим, мислам дека победникот е повеќе од јасен“, изјави Ал-Келаифи.
Дембеле ја завршу сезоната со 32 гола и 15 асистенции, а овој учинок го оствари пред да замине на Светското клупско првенство.
За потсетување, ПСЖ стана шампион на Франција, го освои и Купот, а потоа се искачи и на континенталниот трон со победата над Интер во финалето од Лигата на шампионите.






