• Зоран Мишевски

Ал-Хилал од Саудиска Арабија е третиот полуфиналист на Светското клупско првенство, кое се одржува во Мароко. Во одлична атмосфера на вториот натпревар на Мундијалот за клубови, домашниот Видад Казабланка водеше со 1-0 до 90. минута, но прими гол во судиското надополнување и подоцна загуби по изведување на пенали (1-1, 3-5). Ал-Хилал на Лусијано Вието и Муса Марега закажа полуфинале против победникот на Копа Ливертадорес, Фламенго.
- Извештај од натпреварот:
По првиот дел во кој се играше израмнето и без многу зрели шанси, домашната екипа „нагази“ во вториот дел, креираше 3-4 зрели шанси и поведе во 52. минута. Ајуб Ел Амлуд се најде на вистинското место по корнерот на Дауди и го постигна водечкиот гол на средбата. Во судиското надополнување шок за Мароканците. Јабран направи прекршок за најстрога казна и директен црвен картон. Пеналот во гол го претвори Мохамед Кано и донесе продолженија.
Во екстра времето се играше претпазливо, па и покрај подобрата игра на гостите од Саудиска Арабија, резултатот не се менуваше и победникот го одлучија пеналите. Во првата серија за Видад не реализира Алија Атијах и тоа се испостави како одлучувачко. Сите пет изведувачи на Ал-Хилал погодија и саудискиот шампион ќе игра полуфинале на Мундијалот за клубови.
Во второто полуфинале Реал Мадрид ќе се сретне со поуспешниот од дуелот меѓу Сиетл и Ал-Ахли. Овој турнир е прв со новите правила на ФИФА, во кои главниот судија јавно ги објаснува своите одлуки.