Ал Ахли во финишот го „скрши“ Сиетл и ќе игра против Реал на СКП

Фудбалскиот клуб Ал Ахли од Каиро ќе го предизвика Реал Мадрид во полуфиналето на Светското клупско првенство. Египќаните се радуваа во четвртфиналната фаза против Сиетл Саундерс со 0-1 (0-0), откако доцна го скршија противничкиот отпор и победата ја обезбедија во финишот на мечот. 

Дуелот на „Ибн Батута“ не понуди премногу возбудувања, двата тима беа претпазливи и не сакаа да преземаат непотребни ризици. Во првиот дел немаше ниту една шанса вредна за издвојување. Потоа по доста измени, првата голема можност намечот на имаа играчите на Ал Ахли преку Афша кој биеше малку крај голот. 

Сепак, овој фудбалер успеа да дојде до погодок кој се испостави како победоносен во 88. минута. По ударот на Перси Тау кој заврши во пречката, Афша се најде на вистинското место во вистинското време и стрела за 0-1. 

Откако немаше резултатски промени, играчите на Ал Ахли славеа пласман во полуфиналето, каде што налетаа на првиот фаворит Реал Мадрид. 

Состави

Brian Schmetzer

4-5-1

    Marcel Koller

    4-1-4-1