• Иван Димовски
Африканската фудбалска конфедерација (КАН) ја одржа ждрепката за следното издание на Африканскиот куп на нации кој ќе се одигра во 2026 година.
На извлекувањето во Рабат станаа познати шесте групи со по четири репрезентации за следниот турнир. Понатаму одат по две најдобро рангирани селекции од секоја група и четири најдобри третопласирани.
- Групи за Африканскиот куп на нации 2026:
Група А: Мароко, Мали, Замбија, Коморски острови
Група Б: Египет, Јужна Африка, Ангола, Зимбабве
Група Ц: Нигерија, Тунис, Уганда, Танзанија
Група Д: Сенегал, Конго, Бенин, Боцвана
Група Е: Алжир, Буркина Фасо, Екваторска Гвинеја, Судан
Група Ф: Брегот на Слонова Коска, Камерун, Габон, Мозамбик
Титулата од турнирот во 2023 ќе ја брани Бретог на Слоновата Коска. Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 21 декември годинава до 18 јануари 2026.