• Мартин Танасковски
Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на македонскиот фудбал, повторно ќе игра за Шкендија, клубот каде ги оствари најголемите успеси како фудбалер.
Како гром од ведро небо одекна веста дека 37-годишниот си оди од првакот Струга. Двете страни потпишаа нов договор, но предвреме се разделија. Шкендија веќе го потврди ангажманот на Ибраими и ги потврди најавите кои кружеа низ кулоарите подолго време.
Ибраими беше дел од Струга Трим Љум од 2022 година. 37-годишникот претходно играше за Ксанти од Грција, Ермис и Енозис од Кипар, Таврија, Металург Запорожје, Севастопол од Украина, германски Шалке 04, а во Македонија беше дел и од Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.