ВИДЕО: Акробација на Гризман со „ножички“, Франција триумфално оди на ЕП

Првиот фаворит за пехарот на Европското првенство (ЕП), селекцијата на Франција, успешно ја мина „генералката“ и славеше над Бугарија (3-0) во последниот натпревар пред настапот на континенталниот собир.

  • Извештај од натпреварот: 

„Галските петли“ на Дешамп ја положија мисијата, меѓутоа на другата страна се загрижени затоа што се повреди нивниот главен играч и повратник во националниот тим, Карим Бензема. Играчот на Реал Мадрид пред крајот на првиот дел се пожали на болки во коленото и мораше да биде заменет, па се чекаат лекарските прегледи.

  • Голот на Гризман против Бугарија:

Кога говориме за резултатот на „Стад де Франс“, резултатот се отвори во 29. минута, кога Антоан Гризман погоди акробатски. Офанзивецот изведе „ножички“ кои со помош на еден од играчите на Бугарија завршија во мрежата на Наумов. Победата ја потврди Оливие Жиру, кој влезе во игра од клупата на местото на Бензема, а реализира во 83. и во 90. минута.

Инаку, Гризман со атрактивниот гол стана трет стрелец во историјата на националниот тим и со 57 гола на контото го мина Зинедин Зидан (56). Французите ги чека интересна група на Европското првенство, затоа што играат со Германија и Португалија. Унгарија е аутсајдер во нивната група.