Акраповиќ: Заслужено победивме, доминиравме скоро на целиот меч

Шкендија ја оправда улогата фаворит и со рутински 0-2 славеше на дуелот кај Скопје.

Тимот која ја брани титулата запиша три бода без многу да се измачи. Поради тоа Бруно Акраповиќ беше задоволен од одиграното на оваа средба.

„Момците заслужено го добија натпреварот, доминиравме скоро во текот на сите 90 минути. Постигнавме два гола, можевме да постигнеме уште повеќе. Но, генерално, тоа беше заслужена победа и мило ми е што овие млади играчи ќе добијат самодоверба по оваа победа“, изјави предводникот на тетовчани.

Актуелниот првак има десет бода по седум одиграни кола од новата сезона, што е доволно само за шестата позиција на табелата.

Следното коло за Шкендија носи дуел против Струга Трим Љум.