Ако Силекс приреди сензација во ЛШ со Карабах, може да игра со полесен ривал

Кратовски Силекс ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите, во првото квалификациско коло ќе се соочи со азербејџански Карабах, а познато е со кого може да игра во втората рунда.

Македонскиот тим доаѓа од местото на неносителите, но ако мине, ќе се најде меѓу носителите во групата 3. Доколку направи сензација, Силекс може да добие далеку полесен ривал од Карабах.

Евентуален пласман во следната фаза на Силекс му носи можен дуел со Митјиланд (Данска), инаку најтежок ривал во ова група, Шериф (Молдавија)/Фола Еш (Луксембург), Коханс (Велс)/Сараево (БиХ) или Динамо Тбилиси (Грузија)/Тирана (Албанија).

Дуелите од третата квалификациска рунда во ЛШ ќе се играат на 25/26 август.