ФОТО: Ако си МВП во Данска добиваш 55 килограми компири!

Донекаде неверојатна вест ни доаѓа од данската Суперлига. Фудбалерите на Сендерајске го победија фаворизираниот Нордсјеланд на домашен терен, а по натпреварот беше доделена наградата за играч на натпреварот.

Таа му припадна на Максим Сула, кој за дома си замина со 55 килограми компири во градежна количка.

Причината е што наградата ја додели компанијата „Groundhoppingtours“, која е позната по промоцијата на фудбалот и доделувањето вакви награди на необичен начин. Патем, Сула постигна гол на овој натпревар, а игра како централен бек.