Ако се оди според традицијата: Милан е нов шампион на Италија

Милан одлично ја отвори сезоната, со четири победи на четири натпревари, а ако се суди спроед традицијата „росонерите“ ќе бидат нови шампиони на Италија.

Целта на клубот оваа сезона е да се врати во Лигата на шампионите, но традицијата налага шампионска сезона. Милан стартуваше со 12 бода, а кога и да го направил тоа претходно, бил шампион.

На екипата од Милано тоа ѝ успеало во четири наврати, во сезоните 1950/51, 1954/55, 1992/93 и 1995/96.

Повеќето навивачи не веруваат во ова сценарио, но, фудбалот знае да носи чуда. Моментално првак е Јувентус, а како најголема конкуренција му се гледа Интер.