Ако се испочитува традицијата, Гибралтар го чека дебакл во Скопје

Репрезентацијата на Македонија ќе го дочека Гибралтар во четвртиот натпревар во десет дена, во рамките на пеколниот јунски распоред на Лигата на нации. Иако избраниците на Благоја Милевски доживеаја дебакл од Грузија (0-3), немаше простор за одмор и пауза, па веднаш мораа да се насочат кон следниот предизвик. 

Гибралтар е селекција која е на 203. место на ФИФА-листата, па поради тоа изговори нема: Македонија смее да размислува само на победа. Во досегашните меѓусебни пресметки, на двете гостувања кај Гибралтарците, „рисовите“ победуваа со по 0-2, а во единствениот дуел во Скопје беа поубедливи (4-0). 

  • Меѓусебни пресметки на Македонија и Гибралтар: 

06.09.2018 - Гибралтар - Македонија 0-2 (Лига на нации)
19.11.2018 - Македонија - Гибралтар 4-0 (Лига на нации)
05.05.2022 - Гибралтар - Македонија 0-2 (Лига на нации)

Досега Гибралтар нема постигнато погодок против Македонија, па се надеваме дека така и ќе остане. Од друга страна, нашиот национален тим осум пати во три средби ја тресеше противничката мрежа. Интересно, во првото издание на Лигата на нациите, Македонија прво гостуваше и победи со 0-2, а потоа дома го декласираше ривалот, па нека биде така и сега.

Иако Благоја Милевски има проблеми со повреди, ќе биде без Александар Трајковски, веројатно и Ељиф Елмас, а од претходно недостигаат Адеми, Ристовски и Костадинов, Македонија сепак мора да оди на победата.