Ако Рикелме победи - во Мадрид доаѓаат Халанд и Родри!

На неколку дена до изборите за претседател на Реал Мадрид, двата кандидати ги „отворија картите“. Енрике Рикелме ќе го предизвика Флорентино Перез и има силни адути в раце. 

Вечерва беше откриено дека доколку Рикелме биде избран да биде прв човек на Реал Мадрид, во летниот преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигнат Ерлинг Халанд и Родри. Кандидатот откри дека спортски директор би бил Раул Гонзалез, а се претпоставува дека тренер би бил Микел Артета. Во тимот на Енрике Рикелме академијата на клубот би му била доверена на Фернардо Јеро. 

Рикелме дури и изјави дека ако не ги доведе ветените имиња, спремен е да им ги плати годишните билети на сите 100.000 членови на клубот. 

Флорентино Перез откри дека во неговиот проект тренер би бил Жозе Мурињо, а прво засилување Ибрахима Конате. Се претпоставува дека ако победи повозрасниот кандидат во Мадрид ќе пристигне и Дензел Дамфрис

Според стручњаците Флорентино Перез е фаворит да победи на неделните избори.