„Ако оваа победа не ја потврдиме со три бода против Воска, ништо не сме направиле“

Звучи неверојатно, но по пет кола Пелистер има максимални три победи од гостувањата и ниту еден добиен домашен натпревар. Сепак, победата над Охрид со 0-1 ги доближи битолчани до лидерите Вардар и Воска Спорт.

Сепак, од менаџментот на Пелистер сметаат дека вредност оваа победа ќе добие само ако се совлада Воска Спорт во следното коло за две недели.

„Во овој момент најважни се бодовите. Сите други работи - играта, борбеноста, залагањето се подложни на подобрување како првенството одминува. Ако овие три бода од Охрид не ги потврдиме со победа во следното коло против Воска Спорт ништо не сме направиле. Само така овие бодови ќе имаат вредност. 

„Чкембарите“ уште еднаш ни покажаа колку ни значат во борбата за исполнување на напата цел - промоција во Првата лига. Првенството е долго и верувам дека ние ќе успееме во остварување на нашата цел“, ни рече спортскиот директор на Пелистер, Ванчо Мицевски.

Следната недела пелистерци ќе учествуваат на традиционалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци, каде ќе се сретнат со Победа и домаќинот Тиквеш.