Ако носиш дрес од Меси, во Парагвај нема да те пуштат на трибини!

Светскиот шампион Аргентина против Парагвај на гости ги продолжува квалификациите за следното Светско првенство, а домаќинот на натпреварот забрани носење каков било дрес со презимето на најдобриот фудбалер на „гаучосите“ Лионел Меси.

Сите оние кои ќе дојдат на стадионот облечени во дрес со неговото име, било во дрес на клуб или репрезентација, нема да им биде дозволен влез на трибините. Ваквата одлука за локалната радио станица „Ла Ред“ ја соопшти претседателот на парагвајската федерација, Фернандо Виласбоа.

„Никој нема да смее да носи аргентински дресови или дресови на некој странски клуб. Сакаме да го обоиме стадионот во боите на Парагвај и да им дадеме поддршка на нашите играчи како што заслужуваат“, изјави Виласбоа.

Парагвајците веќе го забранија носењето на дресовите на Винициус Јуниор на последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Бразил. Тоа го објаснија како безбедносна мерка за да нема конфликт меѓу навивачите на стадионот.