Ако нема место во Барса, Гризман ќе го засили ПСЖ

ПСЖ Гризман

Антоан Гризман во Атлетико Мадрид е минато. Французинот конечно собра храброст и им соопшти на фановите дека си заминува ова лето.

Шпанските медиуми веднаш го преселија во Барселона, но се чини таму нема место за него. Луис Суарез е задолжен за напаѓачката позиција, а 28-годишникот не би сакал да биде во сенка на Лионел Меси, па најверојатно ќе мора да бара друга опција.

Тука стапува на сцена ПСЖ кој изрази желба да соработува со францускиот репрезентативец. Присуството на Килиан Мбапе во тимот би можело да помогне во трансферот.

Тие покажаа одлична соработка за време на Светското првенство во Русија на кое Франција стана шампион.

Доколку заврши во редовите на тимот на Томас Тухел, Гризман ќе биде идеалната замена за Единсон Кавани кој веќе подолго време размислува за заминување од Париз.