„Ако нема друг избор ќе го тужиме ПСЖ за долг од 100 милиони евра“

Килиан Мбапе и Пари Сен Жермен имаат уште нерасчистени сметки. Мајката на Мбапе проговори за можна тужба кон поранешниот клуб на нејзиниот син.

Парискиот клуб не исплатил ниту плата на напаѓачот, ниту бонуси од април. Долгот е речиси сто милиони евра.

„Постапката сè уште во тек. Сега се е во рацете на застапниците на Килијан, но јас сум уверен во ПСЖ и дека сè брзо ќе се врати во нормала. Понекогаш за време на раскинувањето треба да одлучите кој ќе го земе телевизорот, мебелот, автомобилот… Токму тоа го правиме сега. Се надевам дека сето ова нема да го засени она што го доживеавме и нема да го паметиме само ова. Сакам да се сеќаваме на позитивните моменти поврзани со ПСЖ, дури и во оваа тешка година, играјќи на „Паркот на принцовите Прекрасно е. Како во врска, не е секогаш сè мазно, има подеми и падови… Но за шест месеци се ќе биде подобро“, изјави Фаиза Ламари.

Таа одговори и на прашањето дали се можни дополнителни правни постапки меѓу Килијан и ПСЖ.

„Ако нема друг избор, тогаш да, се разбира. Се надевам дека ќе бидат испочитувани условите од договорот што го потпишавме пред две години“, заврши Ламари.

Килијан Мбапе од пред три официјално беше претставен како фудбалер на Реал Мадрид.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.