Ако некој се сомневаше: Лионел Меси е МВП на МЛС лигата!

Интер Мајами за првпат во својата кратка историја го освои трофејот во МЛС лигата, откако во финалето го совлада Ванкувер Вајткепс со 3-1. Ѕвездениот тим на газда Дејвид Бекам многу бргу го исполни сонот и ги покори Соединетите Американски Држави. 

Главна алка во походот кон трофејот во МЛС лигата беше Лионел Меси. Аргентинецот го доби признанието за МВП на сезоната во елитниот ранг на фудбалот во САД. 

Оваа сезона Меси беше вистински лидер на Интер Мајами. Тој комбинираше 35 погодоци во регуларната сезона и плеј-офот на МЛС лигата на вкупно 34 одиграни натпревари. Иако во финалето не успеа да се запише меѓу стрелците, Аргентинецот беше двоен асистент. 

Лионел Меси го крена 47. трофеј во играчката кариера.