„Ако Мегваер вреди 85 милиони, цената на Кулибали е 250 милиони“

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш ја разбранува јавноста, овојпат коментирајќи го трансферот на Хари Мегваер во Манчестер Јунајтед за сума која е светски рекорд на еден одбранбен фудбалер. 

Според филмскиот продуцет реалната цена на Мегваер е 25 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ се интересираа и за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, а првиот човек на италијанскиот клуб одбил понуда од 105 милиони евра во јануари годинава.

„Ако Хари вреди 85 милиони, цената на Кулибали е 250 милиони. Англичаните прават повеќе пари отколку во Франција, Шпанија, Италија и Германија. Ако некој клуб има приходи од 800 милиони, за него не е проблем да се плати 80-90 милиони за еден играч.Не е фер битката помеѓу Англија и другите земји”, рече Де Лаурентис.

Партнер на Кулибали оваа сезона во одбраната на Наполи е Гркот Костас Манолас.