Ако мега-талентот на Ц. Звезда го избере Интер, веднаш оди во друг клуб!?

Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Василије Костов, останува на радарот на Интер, но неговиот ангажман во моментов не е меѓу главните приоритети на миланскиот клуб во летниот преоден рок. Според новинарот на „Спортиталија“, Џанлуиџи Лонгари, Интер е заинтересиран за 18-годишниот играч за врска, но доколку го реализира трансферот, веднаш би го испратил на позајмица во друг клуб од Серија А.

Како најсериозен кандидат за негов развој се споменува Каљари, каде Костов би добил можност за поголема минутажа и стекнување искуство во италијанскиот шампионат. Во меѓувреме, италијанските медиуми тврдат дека Интер и Црвена Звезда постигнале усмен договор за обештетување од 20 милиони евра, плус бонуси, но засега нема официјална потврда дека трансферот е финализиран.

Во Милано на Костов гледаат како на инвестиција за иднината и дел од стратегијата за подмладување на тимот, па затоа не планираат веднаш да го приклучат кон првиот состав. Доколку трансферот не се реализира ова лето, постои реална можност Костов да остане во Црвена Звезда.