• Мартин Танасковски
Единствен клуб од Македонија кој може да се најде во квалификациите за Лига Европа е Шкендија, која ќе игра во ова натпреварување ако испадне од второто коло во Лигата на шампионите.
УЕФА ја изврши ждрепката за третото коло на второто клупско натпреварување на Стариот континент, а таа посака Шкендија ако испадне од ФЦСБ од Романија, да игра со поразениот од мечот меѓу Копенхаген од Данска или Дрита од Косово.
Третото квалификациско коло во Лига Европа ќе се игра на 7 август и 14 август.




