„Ако Гвардиола сака засилување од 100 милиони, шеикот само ја зголемува цената на нафтата“

Ули Хенес

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес, даде интересна изјава за време на конференцијата на финансиските пазари (МММ).

Тој објасни како функционира системот и трансфер политиката во Манчестер Сити, каде што моментално тренер е поранешниот стратег на Баварците, Пеп Гвардиола.

„Мојот голем пријател Гвардиола ми кажа што се случува кога сака засилување од 100 милиони евра. Собира неколку видеа од фудбалерот и закажува состанок. Тој му ги покажува квалитетите на шеикот, кој за да собере пари само малку ќе ја покачи цената на нафтата... И веднаш е пронајдено решение“, вели претседателот на германскиот првак.

На истата конференција, Хенес објави дека неговиот тим наредната сезона планира проект од 200 милиони евра со кој ќе се освежи тимот.