„Ако го победите Манчестер Јунајтед, ќе имате пари до крајот на животот“

Стол Солбакен е легенда на Копенхаген и денес е многу успешен како тренер на данскиот шампион. Тој забележа нов успех со елиминацијата на Истанбул Башакшехир во осминафиналето од Лига Европа. Со победата од 3-0 во главниот град на Данска, анулирани беа оние 0-1 во Истанбул.

Следен ривал на Копенхаген е Манчестер Јунајтед, првиот фаворит за трофејот во натпреварувањето, но Солбакен се обиде да ги мотивира своите фудбалери на интересен начин.

„Ако го победите Манчестер Јунајтед, ќе ја добиете мојата премија. Нема да имате проблеми со пари до крајот на животот“, им ветил на играчите Солбакен.

Видео материјалот од мотивацискиот говор се врти низ социјалните медиуми.