• Иван Димовски
Фудбалерите на Шкендија се целосно насочени на двомечот со Карабах во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Сепак, УЕФА веќе ги одреди и потенцијалните противници на македонскиот првак ако се пласира во плеј-офот.
Веднаш на стартот на извлекувањето беше извлечен парот на Шкендија. Победникот од двомечот меѓу Шкендија и Карабах ќе се судри со подобриот од дуелите на бугарски Лудогорец и унгарски Ференцварош.
- Потенцијални плеј-оф парови за ЛШ:
Шампионски пат
Лудогорец/Ференцварош - Шкендија/Карабах
Лех Познањ/Црвена Звезда - Динамо Киев/Пафос
Бодо/Глимт - Штурм Грац
Селтик - Каират/Слован Братислава
Базел - Малмо/Копенхаген
Лигашки пат
Феенорд/Фенербахче – Ница/Бенфика
Ренџерс/Викторија Плзен – Салцбург/Клуб Бриж
Според ждрепката првиот натпревар во евентуалниот бараж Шкендија би го играла на гостински терен на 19 или 20 август, додека реваншот во Скопје би бил на 26 или 27.
