Ако „Финалисима“ не се одигра, Шпанија ќе тестира со неочекуван ривал!

Ако натпреварот „Финалисима“, каде треба да се сретнат Шпанија и Аргентина, не се одигра во предвидениот термин, актуелниот европски шампион ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Србија, јавија повеќе европски медиуми. 

Одлуката е донесена како дел од подготовките на Шпанија за натпреварите во квалификациите и пријателските средби, со цел да се обезбеди континуитет во натпреварувачкиот ритам на тимот.

Според најавите, мечот со Србија ќе послужи за тестирање на формацијата, вклучување на нови играчи и одржување на кондицијата на клучните фудбалери, секако доколку Финалисима биде одложена.

Се очекува конечната одлука за одржување или одложување на Финалисима да биде соопштена во следните денови, а шпанската федерација веќе работи на организацијата на можниот пријателски меч против Србија.

Вчера се појавија информации дека „Финалисима“ ќе се одигра на стадионот „Сантиаго Бернабеу“ во Мадрид, но засега нема официјална потврда од ниту еден релевантен извор. Конечната одлука мора да биде соопштена многу наскоро, зашто „Финалисима“ треба да се одигра на 27 март.