Ако дојде Мурињо, прво засилување на „Олд Трафорд“ ќе биде Варан

Според пишувањата на веснините на Островот, дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан ова лето ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

За да се комплетира трансферот треба Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед да го замени Луј ван Гал.

При евентуално именување на Португалецот за нов менаџер на „црвените ѓаволи“ 22-годишниот Варан би бил првото големо засилување за тимот.