„Ако 75% од Земјата е покриена со вода, останатите 25% ги покрива Ван Дајк“

Џон Хенри, сопственикот на Ливерпул, по вчерашната голема победа над Баерн Минехен во Лигата на шампионите, на хумористичен начин опиша колку е значаен Виргил Ван Дајк за неговиот тим. 

„Црвените“ со убедливи 1-3 го елиминираа германскиот шампион од осминафиналето на Лигата на шампионите, а холандскиот дефанзивец покрај тоа што беше одличен во одбраната го постигна и вториот гол за својот тим. 

„Ако 75 отсто од Земјата е покриена со вода, тогаш останатите 25 отсто ги покрава Ван Дајк“, напиша Хенри на социјалните мрежи. 

За одиграната партија на најскапиот дефанзвиец на светот зборуваше и менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп. 

„За квалитетите на Ван Дајк може цела книга да се напише. Тој е фантастичен човек, а пред сè фудбалер“, рече Германецот. 

Холанѓанецот пред една и пол сезона се реши да ги промени клупските бои и за рекорден трансфер на еден дефанзивец (80 милиони евра) од Саутемптон се пресели во Ливерпул. 

Голот на Ван Дајк против Баерн Минхен

Статистиката на Ван Дајк против Баерн Минхен: 

  • 1 гол 
  • 1 асистенција
  • 3 од 3 добиени воздушни дуели 
  • 5 расчистувања 
  • 100% обиени дуели 
  • 85% точност на додавање

Неговиот пат кон фудбалската слава беше макотрпен, а колку е важен за овој Ливерпул можете да прочитата на ОВОЈ линк.