ВИДЕО: Акин дебитираше со победа, Шкупи минимално славеше над Силекс

Фудбалерите на Шкупи ги оставија зад себе проблемите и тренерската смена и по пауза од еден месец повторно се радуваат на една победа во ПМФЛ. Пред својата публика на „Чаир“, Шкупи со 1-0 (0-0) славеше над Силекс, за деби победа на новиот стратег на тимот, Булент Акин. 

По мирниот старт, без многу шанси на двете страни, првото вистинско возбудувања пристигна во 14. минута, кога искусниот Бајрами се реши од преку 30 метри да бие директно од слободен удар. Неговиот удар беше силен и прецизен, но само по средината на голот, па Божиновски немаше многу проблеми за да ја запише првата денешна интервенција. 

Капитенот Бајрами беше најрасположениот домашен фудбалер на теренот и во 25. минута повторно беше во центарот на вниманието, откако биеше прецизно со глава, но гостинскиот голман повторно беше на висината на задачата. 

До крајот на првиот дел се закани и Љика, но неговиот удар заврши покрај левата статива на Силекс. Гостите од Кратово речиси и ништо да не покажаа во првите 40. минути, но затоа во финалните пет имаа две колосални шанси за отворање на резултатот. 

Во 41. минута Дурански биеше непрецизно од полудесно, додека во 45. левиот бек Благојевиќ зафати одличен волен од дистанца, но домашниот голман беше присебен и со прекрасна парада спаси чист гол за гостите. 

На полувреме се замина со 0-0, а фановите на „Чаир“ не чекаа долго на почетна радост во вториот дел, откако Сержињо го искористи подарокот од гостинските дефанзивци и ја смести топката во празната мрежа за водство на Шкупи од 1-0. 

И покрај водството избраниците на новиот стратег на чаирчани, Акин, не отстапија од офанзивниот пристап на играта, а нововлезениот Кривањева немаше среќа во 76. минута, откако биеше само покрај голот на гостите. 

Со овие три бода Шкупи полека бега од дното и нова шанса за бодови ќе бара в среда во големото дерби со Вардар.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 6 3 1 13:4 9 21
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 10 6 3 1 10:2 8 21
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 10 4 4 2 13:8 5 16
4 РеноваРенова 10 4 1 5 8:13 -5 13
5 ШкупиШкупи 10 3 4 3 10:9 1 13
6 СилексСилекс 2 10 4 0 6 12:13 -1 12
7 БорецБорец 2 10 3 2 5 9:16 -7 11
8 ШкендијаШкендија 2 10 3 2 5 8:7 1 11
9 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 10 3 2 5 10:16 -6 11
10 РаботничкиРаботнички 3 10 3 1 6 8:13 -5 10