• Иван Димовски

Фудбалерите на Манчестер Сити го исфрлија Арсенал во шеснаестинафиналето на ФА Купот, откако на „Итихад“ славеа со 1-0 (0-0). Дербито на оваа фаза на најмасовното англиско натпреварување го реши еден погодок, иако двете екипи имаа свои шанси.
Арсенал подобро отвори, првата закана ја имаше Такехиро Томијасу, додека по него се обиде и новото засилување Леандро Тросар, меѓутоа голманот Стефан Ортега ги скроти ударите. На спротивната страна шанса имаше Де Брујне и биеше до стативата, нешто слично направи и Еди Нкетиа за „топџиите“, па првиот дел заврши без погодоци.
На стартот на продолжението Артета посегна по клупата, ги испрати Салиба и Локонга на теренот на местата на Холдинг и Парти. По него реагираше и Пеп, засилувајќи го тимот со Алварез и Вокер. Резултатот беше отворен во 64. минута, кога Натан Аке стрела за 1-0. На погодокот му претходеше голема мешаница, по неа топката заврши кај Џек Грилиш кој навлече чувар, па го проигра осамениот Холанѓанец кој го матира Тарнер.
- Извештај од натпреварот:
По примениот погодок „топџиите“ немаа сили целосно да се наметнат, иако беа поактивни голот на „граѓаните“ не беше посериозно загрозен. Арсенал доживеа рана елиминација, меѓутоа сега ќе може да се насочи кон битката за титулата во Премиер лигата.