Акција за почит на Брера: Фудбалерите ги промовираа убавините на Струмица! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Брера Струмица започна убава акција, со која прави промоција на градот од кој потекнува. Целта на клубот е да помогнат во промовирање на убавините на Струмица, афирмација на градот и неговите бројни културно историски споменици. 

Со таа цел, капитенот на Брера, Марио Врдољак, Папе Оумар Сисе, голманот Марко Алчевски, Ване Крстевски и Мартин Ѓорѓиевски, се фотографираа низ градот Струмица. Покрај тоа, беа и на локалитетот „Цареви Кули“ кој е археолошки белег на градот, пред споменикот на Гоце Делчев и општинската зграда. 

Кампањата е под името „Ние сме Брера Струмица“. Покрај промоцијата на градот, кампањата цели кон заедништво и за младите да бидат горди на фудбалерите на Брера.