• Сашо Поповски

Босански Зрињски ја потврди фаворитската улога и поведе на стартот на вториот дел на реваншот против Академија Пандев.
Само пет минути во продолжението им беа потребни на домашните фудбалери да го отворат резултатот. Најзаслужен за тоа беше Миљан Говедарица кој по една соло-акција несебично додаде до Станиша Мандиќ за 1-0.
Погледнете го водечкиот погодок на Зрињски:
Zrinjski - Akademija Pandev 1:0 pic.twitter.com/yZiHU1dRY9
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
Овој погодок е потврда на пласманот на босанскиот претставник во второто коло за квалификациите за Лига Европа.