• Горан Упале
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжува да тресе мрежи во дресот на Абердин, откако попладнево во неговиот бележник влезе и тимот на Хиберниан.
Деветката на славниот шкотски клуб го впиша својот шеснаесетти овосезонски погодок во шкотската елита, откако по една школска акција и додавање на поранешната премемиерлигашка ѕвезда Хојлет рутински ја смести топката во противничкиот гол.
- Погодокот на Миовски против Хиберниан:
BM9 Bojan Miovski goal
3-0
Hibs are falling apart again pic.twitter.com/SUAVSsVaiM
— Rop Ted (@roptedmin) May 12, 2024
Миовски оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Абердин, а влезе и во потесниот круг на фудбалер на сезоната во првенството.