• Мартин Танасковски

Екипата на Академија Пандев одигра нов контролен дуел и славеше убедливо со српскиот тим Раднички Ниш (4-1).
Македонскиот прволигаш е на подготовки во Анталија, а по стартниот пораз од Пловдив (0-1), следеше убедлива партија. Триумфот го донесоа Акоста, Крстевски, Велиновски и Димоски кои беа стрелци за „пандевци“.
Следниот пријателски натпревар за Академија Пандев е на 29 јануари против Зорија.